Дали Заев организирал средба на шведските инвеститори со директорот на Фондот за здравство?

Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПНЕ, Антонијо Милошоски во четвртокот на редовната собраниска седница посветена на пратеничките прашања, меѓу другото го праша премиерот Зоран Заев , во врска со ткн случај „Рекет 2“, дали токму тој организирал средба на шведските инвеститори на компанијата „Диаверум“  со директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев

Дали по првата средба со шведската компанија – инвеститор во присуство на шведскиот амбасадор вие им организиравте на шведските инвеститори средба си директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев и дали сте информирани дека во овој случај своја улога играле и Боки 13 (Бојан Јовановски, осомничен во случајот Рекет) и Бајраш Сејдиу од Куманово?

Милошоски упати и прашање поврзано со надворешната политика, односно дали Владата ги планира во овој период Теута Арифи, градоначалничка на Тетово, Дане Талески, политички советник на Заев, Мишо Дукманович, професор од правен факултет и Сашко Насев за амбасадори на во САД, НАТО, Израел и Бугарија?

Ова прашање го поставувам во врска со принципите коишто министерот за надворешни работи во 2017 ги спомена по принципи зошто во пред избори не треба да се упатуваат амбасадори во важни политички дипломатски центри, и тогаш случајот беше поврзан со Александар Николовски за кого влада одлучи врз основа на тие принципи да не го упати за амбасадори. Дали сеуште важат тие принципи и дали владата на Заев и коалиционите партнери има намера во овие 60 дена од целосниот мандат на ова влада да покрене постапка или дали покренала постапка за Теута Арифи да биде амбасадор во САД , Талески да биде амбсадор во НАТО, Дукмановиќ да биде амбсасадор во Тел Авив, Насев да биде амбасадор во Софија, кажа Милошоски.

Опозицискиот пратеник праша и во врска со писмото коешто испрати тогашниот американски амбасадор Џес Бејли до Основниот суд  Скопје 1, до Владата и до министерството за правда во кое тогашниот американски амбасадор се пожалил и замолил да се провери кој и како го злоупотребил неговото име како амбасадор или угледот на амбасадата од страна на споменатиот основен суд при определување или неопределување на одредени мерки на претпазливотс, притвор и слично или при одредување или недредување на одредени судски пресуди.

Моите информации се дека вие не сте дале инструкција до министерката за правда и дека таква иницијатива која вие кажавте дека ќе биде покренета во декември 2018 воопшто не е покрената пред Републичкиот судски совет, потенцираше Милошоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.