Дамчевска Илиевска: Власта одбива амандмани за потреби на граѓаните кои во 21 век се базична потреба

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Весна Дамчевска Илиевска на комисиската расправа за финансирање и буџет изјави дека власта не прифаќа амандмани кои се однесуваат на асфалтирање и реконструкција на улици иако се работи за минимални средства, а се работи за потреби на граѓаните, се бара асфалтирање, осветлување, канализација, тротоари, нешто што во 21 век е базична потреба.

Се бара, канализација, водовод во населените места Љубанци, Љуботен исто така има горлив проблем со канализацијата во населените места Кучевишка Бара и Бел Камен, и апел до колегите до власта . Посебно сакам да нагласам и да апелирам да не ги оставаме овие места да се чувствуваат граѓаните како да живеат во ничија земја затоа што од локалната власт немаат поддршка, а од централната власт нема заинтересираност и никој не го слуша нивниот глас. Чувствуваат една отфрленост и загрозеност, затоа барем нешто да се прифати од тоа што го имаме поднесено.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.