Дамчевска-Илиевска: За ВМРО-ДПМНЕ секое прашање заслужува одговор и секоја иницијатива заслужува дијалог

Она што јас би сакала да го нагласам е иницијативата за поддршка на семејството за кои што имаме доста законски решенија во изминатиот период и кои што се позитивни и имплицираа пријатна атмосфера во општеството како една клетка која што е многу значајна за развојот на една заедница. Се работи за законската регулатива со која се заштитува жената и мајката родилка, а пред се онаа која што е вработена во приватниот сектор, ова денеска на панел дискусијата „Единствени кои инвестираат во здравството“ , организирана од ВМРО-ДПМНЕ го изјави Весна Дамчевска-Илиевска.

-Ние имавме законска мерка да не може да биде отстранета од работното место како што во изминатиов период се случуваше и сега жената мајка родилка е заштитена во приватниот сектор и таа не може да биде избркана. Секако мора да го споменеме законското решение за надоместок на трето дете, законското решение за мајката која ќе роди повеќе од едно дете да има повеќе од 15 месеци породилно отсуство и она што е многу значајно двајцата родители можат да го користат породилното отсуство по договор, истакна Дамчевска-Илиевска.

Таа потенцираше дека иницијативата која беше стигната до собранието потпишана од 212 мајки за измена на законот за работни односи каде што тие предлагаат зголемување на породилното отсуство од 9 на 18 месеци за жал била одбиена заради една техничка грешка која подоцна беше исправена.

-Очекуваме плодна дебата која ќе вроди со плод и ние всушност мораме да ги поддржуваме иницијативите кои доаѓаат од страна на граѓаните и кои што се корисни и неопходни за било која свера, а особено за една здрава личност бидејќи знаеме дека раниот период на детето е многу значаен и знаеме колку е значајно за стекнувањето на емоционалната интелигенција на детето и тоа присуство на родителите во раниот детски развој е важно за стекнување на психолошки имунитет на детето, а тоа е нешто што во современото општество е потребно, вели Дамчевска-Илиевска.

Таа се чуди како сегашната позиција а претходна опозиција има дилеми за вакви суптилни теми, а со тоа сегашната власт покажа сомневање и на некој начин даде негативен знак на овој наш предлог со надеж дека во иднина ќе се согледа потребата од донесувањето на ваква иницијатива.

-За ВМРО-ДПМНЕ секое прашање заслужува одговор и секоја иницијатива заслужува дијалог, вели Дамчевска-Илиевска.