Дамјановски ги казнува кумановци без водовод и канализација, иако Владата има обезбедено средства

Иако се обезбедени средства од еден милион евра за водовод и канализација во кумановско, жителите на овој крај и понатаму се без нив. Дамјановски свесно ги казнува кумановци.

Како што беше констатирано при посетата на Романовце од страна на премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски средства од еден милион евра седат неискористени во Министерството за транспорт и врски, а кои се наменети токму за изградба на водоводна и канализациона мрежа. Граданочалникот Дамјановски се што требаше да направи е да аплицира со проект до министерството по што ќе му бидат одобрени овие средства.

Иако поминаа два ипол месеци од последната посета на премиерот Никола Груевски на Кумановскиот крај и на населените  места Романовце и Пчиња, градоначалникот Дамјановски воопшто не се одзива и не се труди да го реши овој проблем. Дамјановски со ова казнува над 3,5 илјади жители на кој ќе им се реши овој проблемот за вода за пиење и фекална канализација.

Во Владата има планирано еден милион средства за поддршка на проекти во општина Куманово. Ако ова е приоритетот ние сме за да се поддржи. Тука треба да се достави проектот за канализацијата и барање. Еве, да речеме, Општина Нагоричане, таа е доста помала од Куманово. Таа доби 600.000 евра затоа што аплицирале, побара и доби. Ако го добиеме проектот од градоначалникот со кој ќе бара канализација за Романовце ќе бидат одобрени средствата со кои ќе се изгради канализацијата, рече Груевски при посетата.


За канализацијата во Романовце премиерот информираше дека во Министерството за транспорт и врски има резервирано финансиски средства и ако градоначалникот направи проект Владата ќе даде финансии во висина од еден милион евра. Притоа премиерот апелираше до градоначалникот да го направи проектот што досега не го направил, да го донесе во Министерството за транспорт и врски и дека Владата ќе го финансира.

Ние како Влада секоја година даваме одредени средства од Програмата за рурален развој на сите општини коишто ќе аплицираат со проект. За жал, Куманово не аплицирал со ниту еден проект да земе пари од Владата да направи канализација, водовод или нешто друго. Многу општини земаа по пола милион евра, милион евра или повеќе, за жал, Куманово не поднесе проект. Да поднесеше ќе добиеше. Струмица, да речеме, поднесе еден проект, можеше и повеќе, и ги добија средствата за тој проект. Други општини поднесоа за три, четири проекти и добија, потенцираше тој.

По два ипол месеци и покрај инстистирањето и неколкуте повици од страна на министерот Мисајловски до градоначалникот Дамјановски да поднесат документација и да се запази процедурата за да се одобрат средства за градба на овој стратешки проекти за жителите на Романовце, Дамјановски воопшто не се одзива и не се труди да го реши овој проблем . Дамјановски со ова казнува над 3,5 илјади жители на кој ќе им се реши овој проблемот за вода за пиење и фекална канализација.

Ист е случајот и со селото Пчиња каде жителите се пожалија дека Дамјановски не го прави водоводот. Премиерот Груевски при посетата истакна дека се што Градоначалникот треба да направи е да поднесе проектна документација за проекти кои што ќе бидат стопроцентно финансирани од владата.

Два ипол месеци потоа нема никакво помрднување. Општината Куманово нема поднесено проекти за изградба на водовод. Со ваквото однесување Зоран Дамјановски и неговата матична СДСМ освен тоа што ги казнуваат над 3.5 илјади граѓани тие директно работат против нивните интереси и покажуваат арогантен однос спрема граѓаните што не му носи добро никому.