Дамовски: Сета оваа лага, ова насилие врз народот и демократијата ќе се реши по правен пат

Седумдесет и пет дена сме тка поради лагите, лагите влијаат на нашата мотивација и решение да го дотераме ова до крај, посочи од пред Собранието Борис Дамовски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

-Денеска тие кршители на меѓународните права го држеа за раче уплашениот лажен претседател на Собрание. Сета оваа лага, ова насилие врз народот и демократијата ќе се реши по правен пат. Брилијантни правни умови ни се приклучија во борбата, нашата тужба, народната тужба е еден роман за страдањето на народот под притисокот на политичките елити во Македонија и меѓународната заедница. Секоја точка, секој настан ќе биде обработен. Секој прекршок ќе биде оптужен. Драги мои Македонци, граѓани на Македонија нè чека патот на правдата, како што не чекаше и патот на државноста. Правдата е достижна, но духовната болка никој не може да ја плати, истакна Дамовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.