Данаиловски: Собирањето на луѓето за верските празници е епидемиолшки значаен настан за растот на случаите

71

Во терминологијата имаме еден израз кој се вика епидемиолошки важни настани, кои претставуваат зголемен ризик за ширење на пандемијата.

Во нашиот случајот изминатиот месец имаше мошне голем број значајни настани, луѓето се збираа заради верски празници и ова е логична последица што сега се регистрира, изјави епидемиологот Драган Данаиловски во вечерашната емисија „Топ тема“ на ТВ Телма, во однос на последниот раст на бројот на случаите корона вирус.

Данаиловски оцени дека  условно кажано, можеби добро е што за разлика од месецот април, кога имавме прв бран и нешто што се нарекува ширење во заедницата и тогаш не знаевме каде се лоцирани изворите на заразата и мораше да се реагира со карантин, сега имаме поинаква ситуација.

Тој вели дека овој пат имаме точно лоцирано каде се изворите на заразата и на некој начин ни е полесно .

Данаиловски смета дека мерките биле пропишани како што тоа го правеле сите земји во светот. Од една страна имавме рестриктивни мерки, но можеби малку потфрливме во однос на таканреченото масовно тестирање.

„Испадна дека не изненади овој втор бран или второ појавуавње на случаите. Мислам дека имаше тука несовршености во спроведувањeto на мерките , во контролата. Некој ќе рече народот не почитува. Кога не се информирани  и немате доволно комуникација , тогаш луѓето даваат отпор” изјави Данаиловски, додавајќи дека клучно значење има и борбата против лажните вести за опасноста од корона вирусот.

Според епидемиолог Данаиловски , за успешно справување со пандемијата потребно е и масовно тестирање на населението според принципот на избор на репрезентативен примерок на населението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.