Данците го загубијаи Ханс Линдберг

ДомаќинотнаЕвропскотопрвенствоворакомет, селекцијатанаДанска се соочува со се поголеми проблеми. Николај Маркусен од поодамна е отпишан поради повредата на коленото, а на листата на повредени играчи покрај Егерт сега се најде и второто стартно крило на Скандинавците, Ханс Линдберг. Одличниот крилен ракометар се повреди за време на пријателскиот меч со Франција, по што го напушти теренот и повеќе не се врати во игра.

„Станува збор за проблем со мускулот и можам да кажам дека болката што ја чувствувам е доста голема. Разочаран сум бидејќи продолжуваат проблеми со повредите, селекторот веќе подолго време не може да смета на сите репрезентативци“ , изјави Линдберг

Селекторот Улрих Вилбек веќе најави дека до последен момент ќе чека да види дали ќе може да смета на услугите на Егерт и на Линдберг за европскиот шампионат, но сепак во меѓувреме дополнително го повика членот на Холстебро, Патрик Вајсмах, кој ќе биде резервна варијанта доколку двајцата стартери не се рехабилитираат навреме до стартот на ЕП.
Данска е првиот противник на Македонија на европскиот шампионат, на дуелот што ќе се игра во Хернинг на 12 јануари.