Данците останаа дома: Зголемена продажбата на секс-играчки

Поради вонредната состојба и препораките луѓето да останат дома, во Данска е забележена зголемена продажба на секс-играчки.

– Многу сум задоволна што во овие тешки времиња, кога луѓето се чувствуваат многу ранливи, ние правиме нешто добро и корисно, смета Матилде Мацковски, со-сопственичка на Синфул – најголемата малопродажна мрежа на секс-играчки во нордиските земји.

Според нивните податоци, во првата недела од април, продажбата на секс-играчки во Данска се зголемила за 110 отсто. Проценките говорат дека на оваа земја отпаѓаат три четвртини од вкупниот пазар.

Мацковски вели дека минатата недела забележале најголем скок во продажбата. – Во првите три недели, откако беше прогласена задолжителна изолација на 11 март, ние сите по малку испаничивме и наш приоритет првично беа тоалетната хартија, пастата за заби и храната, вели таа.

Данците, но и Норвежаните се познати по својот „хјуга“ – специфичен хедонистички начин на уживање во животот, што може да се преведе како – удобност. Според многумина, можеби затоа Скандинавците се меѓу најсреќните нации во светот. Легализацијата на порнографијата во овие земји почна 1969 година, многу порано отколку што тоа беше случај во остатокот од Европа.