Данецот Хенеберг потпиша за Еурофарм Пелистер

Себастијан Хенеберг, досегашен член на актуелниот дански ракометен првак Алборг, од денеска ќе го носи дресот на битолскиот ракометен клуб Еурофарм Пелистер.

Дваесет иосумгодишниот Хенеберг игра на позиција лев и среден бек, настапувал во познатите европски ракометни клубови Силкеборг, Архус и Елверум, а во Битола доаѓа од Алборг, соопштија од клубот.

Новиот ракометар е големо засилување за битолчани во пресрет на натпреварите од домашното првенство и настапите на европската ракометна сцена кои стартуваат на 25 октомври кога во Битола, во рамки на ЕХФ лигата, група „Д“, ќе гостува поранешниот клуб на Хенеберг, Архус.