Данела Арсовска со 59,29 отсто води пред Петре Шилегов, според ДИК

Од обработени околу 20 проценти од избирачките места во Град Скопје води независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска со 59,29 проценти. Петре Шилегов од СДСМ има 37,42 проценти од гласовите, покражуваат податоците објавени на веб страницата на Државната изборна комисија за резултатите од гласањето на вториот круг од локалните избори.

Во скопските општини, каде што се избира градоначалник, од пребројани околу 15 проценти од гласачките места во Чаир води Висар Ганиу од ДУИ со 54,21 процент, пред Беким Сали од АА/А со 40,73 проценти, во Центар води Горан Герасимовски од СДСМ со 50,77 проценти пред Наташа Котлар од ВМРО-ДПМНЕ со 44,65 проценти, во Карпош води Стевчо Јакимовски со 50,81 од ГРОМ пред Душко Весковски од СДСМ со 43,76 проценти и во Шуто Оризари Ферад Асан од СДСМ со 51,90, пред Курто Дудуш од ЛДП/ДОМ со 43,67 проценти.