Данев до СДСМ: Го губите гласот зошто не знаете како да им објасните на граѓаните дека ќе гласате за бришење на историјата и ќе воведете двојазичност

На вчерашното продолжение на седницата на Собранието на Република Македонија на која што се разгледува ребалансот на Буџетот пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев и порача на колешката од СДСМ Јагода Шахпаска дека повеќе не зборува така гласно од говорницата бидејќи сите пратеници од СДСМ се нервозни што ќе мора да гласаат за договорот со Бугарија и за Законот за јазиците кој што ќе значи двојазичност на целата територија на Република Македонија.

„Колешке Шахпаска нема сила во вашиот глас. Едно е во опозиција друго е во позиција. Граѓаните бараат резултати, а не „че си лежите“. За тоа ‘че си лежите’, лежел и Ченто, лежел и Павел Шатев, лежел и Брашнаров, лежел и Драган Богдановски, лежеле и многу други ама тие не биле тоа што сте вие. Пред изборите ветувавте едно, а сега пимплате околу здравството. Кажете им на вашите колеги дека нема поголеми плати за лекарите, кажете им дека нема нови инвестиции во здравството, кажете им дека нема бесплатно здравство. Затоа нема сила во вашиот глас колешке Шахпаска. Нема сила затоа што вечер кога ќе се вратите во Берово треба на вашите беровчани да им кажете дека се согласивте за договор за добрососедство со Бугарија во којшто ќе мора да признаете дека Димитар Поп Ѓорѓиев Беровски, Александар Турунџиев и Стив Наумов се дел од заедничката историја на македонскиот и бугарскиот народ. Е за тоа нема сила во вашиот глас. Срамота и геота што не враќате децении наназад да зборуваме и говориме за историја, а не за иднина’, рече од говорницата Данев.