Данев до СДСМ: Каде мислите да ги сместите мигрантите во Аеродром, ќе им носите нови комшии на аеродромци?

Господа, колеги пратеници од СДС видовте деновиве дека има фајде од ова што дебатираме дваесетина дена. Купишта оставки на очиглед на целокупната македонска јавност. Оставка на еден, оставка на друг, оставка на трет.

Ова од собраниската говорница го порача пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, додавајќи дека деновиве најверојатно ќе бидеме сведоци на нови оставки.

Многу често владејачкото мнозинство го користи зборот „решавање“. Го решија јазикот, наспроти Уставот. Решија некои проблеми со соседна Бугарија, наспроти волјата на Македонците и на мнозинството граѓани на Република Македонија. Сега Бујар Османи го решава некаде на Запад името, вековното име на Република Македонија и се во знакот на „решаваме, решаваме, решаваме“, но не по волја на граѓаните на Република Македонија и не по изборната волја, посочи Данев.

Потенцира дека сите граѓани на Скопје и општина Аеродром, независно од партиската припадност, каде мислат во Аеродром да ги сместат мигрантите.

Има неколку локации кои фигурираат меѓу граѓаните, и се многу загрижени. Дали е тоа на потегот кај Населба Лисиче, односно делот меѓу Вардарска, Островска и просторот на Горно Лисиче? Дали мислите да изнајмувате станови во урбаниот дел на Аеродром и таму да носете нови комшии на аеродромци?, праша Данев.

Побара од владејачкото мнозинство да излезе и да одговори на овие прашања.

Данев исто така, праша кои училишта се планираат да бидат проширени за образование на децата мигранти, и дали Здравствениот дом се планира да стане Клинички центар за лекување на мигрантите.

Ова се сериозни прашања, ова не го ветивте на аеродромци пред 11 декември. Зборувавте за загадување на воздух и за намалување на градбите во Аеродром. Напротив, правите се обратно. Ниту има гасификација, ниту давате субвенции за печки на пелети, ниту ништо, истакна Данев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.