Данев: СДСМ пред изборите ветуваше минимална плата од 16 илјади денари и еве гледаме дека ги измамија граѓаните

СДСМ пред изборите ветуваше минимална плата од 16 илјади денари и еве гледаме дека ги измамија граѓаните. Вчера рекоа дека ќе започнат со минималец од 12 илјади денари. Разликата од ветеното до најавеното за реализација е 4 илјади денари помалку за минимална плата, истакна на денешната прес-конференција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

 

„На 26 ноември минатата година заменик претседателот на владата Радмила Шекеринска изјави” Во нашиот „План за живот во Македонија“ предвидуваме зголемување на минималната плата за сите работници низ целата држава до износ од 16.000 денари.” Затворен цитат. Зоран Заев цитирам наша цел е минимална плата од 16 илјади денари, затворен цитат. Овие 16 илјади денари се претворија во само 12 илјади денари и ветување за скалесто зголемување“, рече Данев.

 

Псочи дека дополнителна лага е дека ќе давале поддршка на компаниите.

 

„Тие велат минималецот ќе се зголемел затоа што владата ќе давала поддршка на фирмите од 1, 5 евра а наредната година тоа ќе се преполови на 750 илјади евра за компаниите. Притоа не објавија како ќе се делат тие пари. Дали тие пари ќе завршат само за подобни фирми и компании на власта на СДСМ што отвора нов сомнеж за малверзации и сомнителни зделки на владата. Граѓаните се измамени, не го добиваат она што им беше ветено“ рече Дамев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.