Данев: СДСМ во својата програма во 2005-та го предвиде екстерното тестирање

Во 2005 година СДСМ ја донесе Националната програма за развој на образованието во која беше предвидена екстерна проверка рече пратеникот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев разговараше за предностите на екстерното тестирање при вчерашното гостување во емисијата „Од наш агол“.

 

„Во 2005-та година на власт во Република Македонија не беше ВМРО-ДПМНЕ, на власт беше СДСМ заедно со коалицијата со ДУИ. 2005-та година има донесено Национална програма за развој на образованието 2005-2015 година. Во таа Национална програма, нивните министри и заменици министри и целата таа работна група која што била координирана има ставено јасно и гласно дека во Република Македонија во образовниот систем е потребна екстерна проверка на знаењата на учениците“, потенцираше Данев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.