Дани Алвеш најави заминување од ПСЖ

Бразилскиот 36-годишен фудбалер Дани Алвеш најави во неделата заминување од францускиот првак Пари Сен Жермен.

На Бразилецот му истекува двегодишниот договор со париските „Светци“ и по две сезони во кои не успеаја да минат подалеку од осминафиналето од Лигата на шампионите одлучил да го напуѓти ПСЖ.

„Сѐ си има почеток, средина и кра и сега дојде моментот тука да ставам точка. Морам да се извинам ако во некој момент не бев на висина и ако сум сторил некоја грешка, но јас само се обидував да дадам сѐ од себе“, напиша на Instagram поранешниот играч на Барелона и Јувентус, кој во моментов со бразилската селекција настапува на Копа Америка.

Алвеш, кој во ПСЖ дојде од Јувентус летото 2017 година, во својата објава не навестува каде има намера да замине.

Со францускиот клуб Бразилецоте освои пет титули, два франциски првак во 2018 и 2019, го освои францускиот куп во 2018, Купот на лигата во 2018 и шампионскиот трофеј во 2017 година.