Даниел Аврамовски: Ова е голем успех за сите нас

Македонската фудбалска репрезентација продолжува со подготовките за континенталниот собир. Даниел Аврамовски кој беше дел од селекцијата до 21 година на Европското првенство во Полска, вели дека нашата селекција е подготвена да ги изненади сите противници и да стигне до самата завршница на овој собир.

„Со У21 репрезентацијата настапив на Европско првенство, но сега возбудата е далеку поголема, затоа што играме на големо натпреварување со најдобрите селекции во Европа. Ова е голем успех за сите нас, а јас се надевам на добра претстава на шампионатот и посакувам добар резултат, бидејќи крајот го краси делото. Се надевам дека можеме да ги изненадиме сите репрезентации и да направиме голем успех. Ние сме професионалци и го даваме максимумот на сите натпревари, а како спортисти треба да се надеваме на голем успех и пласман во финале. Со нетпрение го очекуваме првиот натпревар, имаме позитивна трема, но имаме и голема желба да ја претставиме Македонија во најдобро светло“, рече Аврамовски.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.