Даниел Кајмакоски влезе во финале на Х фактор

Македонскиот претставник на Х фактор Адриа, Даниел Кајмакоски обезбеди финале на ова големо музичко натпреварување. На финалето кое ќе се случува во белградска „Арена“ на 23 март, Кајмакоски ќе пее заедно со другите финалисти Тамара Миловановиќ, „Доктори“, Лукијан Ивановиќ, Маид Хечимовиќ

Маид Хечимовиќ и Илма Карахмет останаа во дуел, а жирито одлучи Хечимовиќ да продолжи понатаму. Објаснувањето на членовите на жирито беше дека Карахмет е премногу млада и дека кариерата допрва и претстои. Ова е за првпат, во последните неколку емисии, жирито да одлучи кој ќе излезе, а кој ќе оди понатаму. Најчесто одлучуваа гласовите на публиката.

Кандидатите пееја песни од нивните ментори, а Кајмакоски ја испеја „Љубави“ од Јоксимовиќ.

На Х Фактор Адриа беа пријавени 4000 кандидати, а само пет се пласираа во финале.

Вечерва во шоуто настапија Наташа Беквалац, „Парни ваљак“ и Ана Станиќ.