Даниел, Маид, Тамара и Доктори ќе ја забавуваат публиката во Кратово!

Од 20 до 22 јуни, градот Кратово ќе биде центарот на музичките случувања во Република Македонија. По неколкугодишно отсуство, Кратовските „Златни Денови 2014“ е еден од настаните со кои градот почнува да го враќа својот препознатлив сјај и преку забавни содржини, да ги враќа туристите назад во градот со големо историско значење. Фестивалот ќе се одржува на неколку локации низ градот.

Првиот фестивалски ден е резервиран за забавни изведувачи, а како главни ѕвезди на вечерта се најавуваат Sвездите од Х Фактор, Даниел Кајмаковски, Маид, Тамара и Доктори. Фестивалот е главно инспириран од Европското првенство во тамбури кое ќе се одржи на 21-ви јуни, заедно со  настапот на составот Оџила.  Дваесет и втори јуни е ден предвиден за најмладите, со забавни содржини кои ќе бидат главно наменети за оваа возрасна категорија.“

Фестивалот е замислен и како своевидна промоција на убавините на Кратово, па за таа цел ќе бидат организирани интересни дополнителни активности за сите посетители.