Данска ја одобри градбата на Северен тек 2

63

Данските власти ја издадоа неопходната дозвола за изградба на рускиот гасовод Северен тек 2 кој по дното на Балтичкото Море ќе испорачува гас во Германија, соопшти во средата Енергетската агенција (DEA) во Копенхаген.

Станува збор за делот од континенталното подморје југоисочно од островот Борнхолм во Балтичкото Море.

Се истакнува дека документот со согласноста е издаден во скалд со обврсеките на Данска според Конвенцијата на ОН за поморското право, кога земјата е должна да осигури изградба на транзитни цевководи, земајќи ги предвид ресурстите и животната средина и со задолжително означување на рутата.

Проектот предвидува поставување две паралелни траси за гас со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри годинишно од руското крајбрежје преку Балтичкото Море до Германија. Претходно одобрение за градба издадоа Германија, Финска и Шведска, и досега остана само Данска.

Некои земји од централна Европа, се спротиставуваат на проектот Северен те 2, стравувајќи дека ќе мора да се снабдуваат со гас од Германија по повисоки цени, додека Украина стравува од губењето на приходите од транзитот на рускиот гас за европските потрошувачи. Летонија, Литванија и Полска заеднички изјавија дека не го одобруваат проектот, оценувајќи го за политички.

САД, пак, ја критикуваат Германија дека со овој проект ќе ја зголеми енергетската зависност од Русија, на што Берлин одговара дека Вашингтон сака да го промовира својот амбициозен план за испорака на течен гас (LNG) во Европа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.