Данска даде одобрување за работа на гасоводот Северен тек 2

Данска ја одобри работата на гасоводот Северен тек 2 во нејзините територијални води, објави во четвртокот данската агенција за енергетика.

Конзорциумот од компании кои ги предводи руски „Газпром“, а во кој уште се австриската компанија OMV, фирмата ќерка на BASF – „Wintershall“, англиско-холандската компанија „Shell“, германската „Uniper“ и француската „Engie“ кој го финансира гасоводот „Северен тек 2 доби дозвола за работа на гасоводот на на данскиот епиконтинентален поја“, објави данската енергетска агенција.

Данската агенција минатата 2019 година го одбри градењето на „Северен тек 2“. Гасоводот ќе минува преку данскиот епиконтинентален појас во должина од 147 километри, југоисточно од осторвот Борнхолм. Изградбата на гасоводот по вкупната делница е речиси 95 отсто, но е забавена поради американските санкции наметнати за компаниите кои ќе работат на неговото довршување.

Гасоводот минува и низ руските, финските, шведските и германските територијални води, во вкупна должина од речиси 1.200 километри. Првиот истоимен гасовод започна со работа во 2011/2012 година.

Проектот го критикуваат САД и некои земји членки на ЕУ под изговор дека ќе ја зголеми европската енергетска зависност од Русија. Полска протестира бидејќи Северен тек 2, кој ја удвојува испораката на рускиот природен гас преку Балтичкото Море во Германија, ќе придонесе полските потрошувачи да му плаќаат поскап гас на германскиот оператори. Покрај тоа, Варшава оценува дека со гасоводот наводно се загрозува енергетската безбедност на Европа, и оти со него зајакнува доминацијата на „Газпром“ на пазарот.

Истовремно помалите балтички земји Литванија и Латвија, а во прв ред Полска и Украина се против Северен тек 2. Украина стравува дека ќе изгуби значителни приходи од транзитот на рускиот гас кон европските потрошувачи, зашто двата проекта Северен тек заедно со Турски тек ја заобиколуваат. Полска, пак, стравува дека на Германија сега ќе ѝ плаќа поскап гас, бидејќи според европската регулатива руската компанија производител не може и да го продава енергенсот, ниту да го гради гасоводот. Тие се поддржани од САД, кои сакаат да создадат услови за испорака на течниот гас во Европа на американските компании, но Берлин забележува дека тој начин на снабдување е далеку поскап.