Данска ќе им дозволи на државните работодавачи да бараат доказ за вакцинираност

Според законот кој во моментов е на разгледување, данските државни работодавачи ќе имаат можноста да бараат од своите вработени да приложат „ковид-пропусници“, кои содржат доказ за прележаност или вакцинираност против Covid-19, или негативен тест на коронавирусот.

Министерот за здравство, Магнус Хеунике изјави на прес-конференција во петокот дека законот ќе биде проследен на гласање во парламентот следната седмица.

На оваа мерка, како што истакна, се согласиле и синдикатите и здруженијата на работодавачи.

Бројот на случаи на нови зарази со коронавирусот остро се зголемил во Данска последните седмици, и покрај солидната вакцинираност на населението. Во петокот регистрирани се повеќе од 4.000 нови коронаинфекции, што е најголемата бројка од ланскиот декември.

Околу 380 лица во моментов се хоспитализирани со Covid-19, и „доколку не реагираме, ќе се случи зголемување на бројот на заразените оптоваренсота на билнц не реагираме, ќе се случи зголемување на бројот на заразените оптоваренсота на болниците“, според Хеунике.

Данските власти, исто така, планира да ги тестира децата по регистрираните жаришта на епидемијата во 221 училиште ширум земјата,