Данска ги отвора градинките и училиштата, Норвешка смета дека ја контролира епидемијата

Данската премиерка Мете Фредерискен (д) и министерот за здравство Магнус Хаунке (л) на брифинг за ситуацијата со новиот коронавирусот во Копенхаген (Liselotte Sabroe/EPA/EFE)

Данска од 15-ти април ќе ги отвори детските градинки и училиштата за децата од прво до петто одделение доколку бројот на смртните случаи и на зараза од новиот коронавирусот остане стабилен, а Норвешка во понеделникот објави дека ширењето на вирусот го ставила под контрола.

„Тоа веројатно донекаде ќе биде како одење по жица. Долку стоиме крај патот би можеле да паднеме, а би можело да појде на лошо и доколку одиме пребрзо. Оттами мораме да преземеме едне по еден претпазлив чекор“, соопшти во понеделникот данската премиерка Мете Фредериксен на прес-конференција.

Фредериксен апелираше до сонародниците да се придржуваат до владините препораки за социјалното дистанцирање и одржување на хигиената.

Данска е една од првите европски земји којашто воведе мерки за ограничување на физичките контакти меѓу населението, а досега во земјата се регистрирани 187 смртни случаи поврзани со коронавирусот.

Норвешката влада го стави под надзор ширењето на Covid-19, објави во понеделникот министерот за здравје Бент Холе, но истакна дека е прерано за укинување на мерките за сузбивање на пандемијата.

Последните податоци покажуват дека во Норвешка секое заразено лице веројатно просечно ја пренесува болеста на 0,7 други, а пред воведувањето на мерките за ограничување на движењето и социјалните контакти овој показател изнесувал 2,5 лица.

„Тоа значи дека епидемијата на коронавирусот е ставена под надзорот“, изјави Холе.

Норвешка досега забележа 5,755 случаи на инфекција со коронавирусот, а 59 лица починале.

Земјата кон средината на март воведе строги мерки, ги затвори границите за странцита, а Норвежаните кои се вратиле од странство мораа да минат 14-дневен карантин. Детските градинки, училиштата, универзитетите, црквите и другите установи се затворени.