Данска ги ублажува мерките и нуди четврта доза од вакцините

Данска ќе ја понуди на своите најранливи граѓани четвртата доза од вакцините против Covid-19, објави во средата вечерта министерството за здравство, во време на растот на бројките на новозаразените на дневно ниво но и ублажување на рестриктивните епидемиолошки мерки.

Потегот на данската влада доаѓа во седмицата кога данските пратеници решија да ги ублажат сегашните рестрикции, што подразбира отворање на кино и концертните сали, музеите и ботаничките градини.

„Колку заразата е пораширена во општеството, поголем е ризикот дека таа ќе стаса до напите најранливи. Сега отвораме ново поглавје, првенствено со одлуката за четвртата доза од вакцините за најранливите групи“, изјави министерот за здравство Магнус Хеунике.

Европската агенција за лекови (ЕМА) изрази сомневање околу потребата од четвртата доза до вакцините против коронавирусот, наведувајќи дека сѐ уште не постои научен доказ за ефикасноста на таквиот пристап. Во Европа овозможувањето на четвртата доза ја разгледува и Унгарија, а во светот Израел и Чиле веќе започнаа со аплицирањето.

Дневно во Данска се регистрираат околу 20.000 нови случаи на коронаинфекции, но бројката починати и хоспитализирани и натаму е на ниво далеку помало од пред една година, и се движи околу неколку десетици.

„Во подобра позиција сме отколку што очекувавме и стравувавме. Сега со значително поголема сигурност можеме да кажеме дека оваа нова варијанта на вирусот, моментално предоминанта, предизвикува помалку заболувања“, изјави Сорен Бростром, челник на данската здравствена агенција.

Во Данска со две дози од вакцините против Covid-19 примиле четворица од пет граѓани, а три дози примиле повеќе од половината вкупната популација. Четвртата доза ќе биде достапна од крајот на оваа седмица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.