Данска го спакува европскиот шампион Црна Гора

Репрезентацијата на Данска во осминафиналето на Светското првенство во ракомет што се игра во Србија успеа да го елиминира европскиот шампион Црна Гора. Данките минимално ја совладаа Црна Гора со 23:22, по што се изборија за четвртфинален дуел со селкцијата на Германија. Во редовите на Црна Гора ракометарките на Вардар СЦБТ, Јованка Радичевиќ постигна 2 гола, а Ана Ѓокиќ 1.

Германките во осминафиналето ја победија Ангола со 29:21.

Пласман во четвртфиналето изборија „вардарките“ од Франција Алисон Пино, Амадин Лејно и Сираба Дембеле откако ја победија Јапонија со 27:19.

Пино постигна 4 голови, Дембеле 2, а Лејно имаше 7 одбрани. Тие во четвртфиналето ќе играат против Полска, која беше подобра од Романија со 31:29.
Денеска играат Бразил – Холандија, Србија – Јужна Кореја, Унгарија – Шпанија и Норвешка – Чешка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.