Данска и Финска воведуваат нови мерки против Covid-19

За влегување во Данска наскоро ќе биде потребен негативен тест на коронавирусот, независно од тоа дали патникот е вакциниран, а построги рестрикциите поради пандемијата воведува и Финска.

Данскиот министер за здравство Магнус Хунике изјави на прес-конференцијата во Копенхаген во средата дека за влез во земјата наскоро ќе биде неопходен негавиден ковид-тест, незавосно од тоа дали лицето е вакцинирано против Covid-19.

Мерката мора да ја одобри Комисијата за епидемии на данскиот парламент пред да стапи на сила. Министерот Хунике предложил ковид-потврдата да бидат потребни и за вежбалниците, кои досега беа изземени од оваа мерка.

Новата омикрон варијанта на коронаиврусот брзо се шири и станала доминантната во Данска. Седумдневната инциденца во замјата е највисоката во Европската унија. Поради тоа владата повторно воведе низа рестрикции. Од католички Божик ќе се зголемат капацитетите за тестирањата, а „бустер“ дозите од вакцините ќе се даваат на четири ипол месеци по втората доза наместо шест како досега.

Нови рестрикции воведе и Финска. Од Божик кафулињата ќе мора да затвораат во 22 часот, а од 28-ми декември веќе во 18 часот, додека рестораните ќе затвораат во 20 часот. Алкохол ќе може да се служи само до 17 часот. На баровите и ноќните клубови ќе им биде дозволено да пополнат само пополовина од капацитетите, а на рестораните 74 отсто.
Овие и други мерки ги објави премиерката Санна Марин во вторникот доцна вечерта ги најави по долгите преговори. Сите ќе бидат на сила до средината на јануари.

Се воведуваат и построги мерки на граничните премини. ОД 28-ти декември за влез во Финска ќе бидат потребни негативен тест на коронацвирусот не постар од 48 часа, со ковид-потврда. Тоа важи за сите државјани, лицата кои немаат престој во земјата и ако станува збор за посета за која нема итна причина.