Данска и Шпанија во вториот круг

Репрезентацијата на Данска славеше и на вториот натпревар во А – групата на Европското првенство, овој пат над репрезентацијата на Австрија со 33:29. Со оваа победа Данците ја обезбедија првата позиција во групата. Австрија која во првиот натпревар ја торпедираше Чешка, во првите десет минути достојно се држеше и во дуелот со европскиот шампион. Но, Данците заиграа поцврсто и успеаја да се одлепат на шест голови (18:12) по првото полувреме. Оваа предност беше клучна за остварување на втората победа на Данска на првенството.

Микел Хансен одигра уште еден фантастичен меч постигнувајќи девет гола од десет обиди, пред Нодезбо со пет гола. Кај Австријците најефикасни беа Херман со пет, пред Шилаги и Вилчински со по четири погодоци.

Резултати; Група А: Македонија – Чешка 24:24, Австрија – Данска 29:33. Табела: Данска 4 бода, Австрија 2, Македонија 1 и Чешка 1

Група Б: Унгарија – Исланд 27:27, Норвешка – Шпанија 25:27; Табела: Шпанија 4 бода, Исланд 3, Унгарија 1, Норвешка 0