Данска му дозволи на Газпром да продолжи со Северен тек 2, Полска смета дека Европа преку него вложува во руското оружје

210

Данскиот Совет за поплаки во енергетската сфера не добил ниаква поплака против решението на Данската агенција за енергетика (DEA) со коешто на компанијата „Nord Stream – 2 AG“ ѝ се дозволува да користи закотвени пловни објекти за изградба на рускиот гасовод Северен тек 2, а истовремено во понеделникот полските власти оценија дека овој проект е исто како Европа да вложува во руското вооружување.

Во соопштението на данското министерство се анведвуа дека компанијата оператор може да продолжи со полагањето на цевководот уште од вторник. Претходно DEA ѝ одобри на компанијата „ Nord Stream 2 AG“ при градењето на гасоводот во данските територијални води да користи вкотвени пловни објекти а не само објекти со динамично позицционирање, како што беше претходно.

Како што објаснуваат од агенцијата, трасата на гасоводор треба да заврши надвор од зоната на рузикот на контакт со хемиското оружје закопано на дното на Белтичкото Море. Сепак, продолжувањето на градењето на Северен тек 2 во данските води не беше можно до денеска, кога истече рокот за поднесување жалби за обновување на дозволата.

Истовременео во вторникот полскиот премиер Матеуш Моравјецки во текот на дискусијата во рамките на Атлантскиот совет, изјави дека градењето на рускиот гасовод Северен тек 2 е исто како Европа да вложува во руското оружје и оти е опасен за континентот.

„Не можам да кажам дека во Полска имаме остра антируска реторика. Меѓутоа, постојат работи кои не ни се допаѓаат. На пример Северен тек 2“, рекол Моравјецки, и како што пренесува порталот BiznesAlert, додавајќи дека мисли оти изградбата на гасоводот му личи како Европа да вложива во руското вооружување.

Според Моравјецки, доколку Русија ја исклучи Украина од транзитот на гасот кон западна Европа, тоа ќе има големо влијание врз оваа земја.

Западот имено стравува дека откако успеаја напорите Киев да биде отргнат од сферата на влијанието на Москва, руската страна со двата проекта Северен тек 2 и Турски тек ќе ја заобиколи Украина, која од транзитот на гасот остварува значителни приходи.

„Затоа Северен тек и Северен тек 2 се толку опасни за нашиот регион и затоа поради нив ја критикуваме Германија“, изјави полскиот премиер.

Изјавата на Моравјецки доаѓа ден откако полскиот регулатор против монополот UOKiK во понеделникот соопшти дека го газнил рускиот „Газпром“ со 57 милиони долари поради недоволан соработка по прашањето на постапките во проектот за градење на гасоводот Северен тек 2. Рускиот концерн одговори дека ќе се жали на глобата пред суд, оценувајќи дека барањето на полскиот регулатор било несоодветено имајќи предвид дека се однесувало на договорите меѓу операторот „Nord Stream 2 AG“ и петте западноевропски компании партнери во проектот.

Полска протестира бидејќи Северен тек 2, кој ја удвојува испораката на рускиот природен гас преку Балтичкото Море во Германија, ќе придонесе полските потрошувачи да му плаќаат поскап гас на германскиот оператори. Покрај тоа, Варшава оценува дека со гасоводот наводно се загрозува енергетската безбедност на Европа, и оти со него зајакнува доминацијата на „Газпром“ на пазарот.

Водач на проектот Северен тек 2 е „Газпром“, додека половината од средствата преку заеми ги осигуруваат австриската компанија OMV, фирмата ќерка на BASF – „Wintershall“, англиско-холандската компанија „Shell“, германската „Uniper“ и француската „Engie“.

Рускиот енергетски гигант, притоа, испорачува поголем дел од гасот кој се троши во Полска, чијашто државана енергетска компанија PGNiG често се жали дека го плаќа рускиот гас повеќе отколку другите европски држави, што „Газпром“ повеќепати го негираше. Во јули „Газпром“ на PGNiG ѝ плати 1,6 милијарди долари затоа што полската компанија го доби судскиот спорт во врска со цените, по што челниците на PGNiG рече дека односите на Полска со „Газпром“ сега „стануваа нормални“. Сега, пак, стравувањата на Варшава се дека по стартувањето на Северен тек 2 на Германија уште поскапи ќе ѝ го плаќа гасот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.