Данска сe пласира во полуфиналето на ЕП

Репрезентацијата на Данскаја славеше убедлива победа од 35:23 над селекцијата на Холандија на ЕП во ракомет. По оваа победа, Данска и дефинитивно се чекираше во полуфиналето.

Гидсел одигра натпревар без грешка за Данците во кој постигна девет погодоци, додека седум пати прецизни беа Микел и Јохан Хансен.

Во редовите на Холандија во отсуство на Смитс, најдобар поединец беше Баијенс со шест постигнати голови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.