Данска се пласираше на Мундијалот, безредија во Тирана и Лондон

По Германија којашто со победата во Скопје во вторникот вечерта го обезбеди пласманот на Светското фудбалско првенство во Катар следната 2022 година, во средата вечерта истото го стори и селекцијата на Данска којашто во средбата од осмото коло во Групата Ф на домашен терен со 1:0 ја совлада Австрија.

Во Копенхаген решавачкиот погодок го постигна Јоаким Маеле во 53 минута.

На две кола пред крајот на евроспките квалификации, Данска има недостижни седум бодови предност пред Шкотска која вечерва многу тешко на гостувањето ги победи Фарски Острови со 1:0. Стрелец на погодокот кој Шкотите ги приближи до пласман во дополнителните квалификацаа беше Линдон Дикес во 86 минута. Шкотска сега има четири бодови повеќе од Израел кој со 2:0 ја порази Молдавија.

Во дуелот од Групата И во Лондон немаше победник, Англија и Унгарија одиграа 1:1, со што Унгарците ја прекинаа црната повеќедецениска низа порази кај „Гордиот Албион“. Но дуелот на „Вембили“ го одбележаа инцидентите кои ги предизвикуваа гостинските навивачи.

Унгарците поведоа во 24 минута со голот на Роланд Салаи од пенал, а Англичаните израмнија во 37 минута со погодоот на Џон Стоуинс. Во прдолжувањето домашните доминираа, но не успеаја посериозно да ја загрозат гостинската одбрана.

Унгарските навивачи набрзо по почетокот на нетпреварот се судрија со полицијата. Лондонската полиција беше во состојба на висока подготвеност, поради расистичките навреди за англиските играчи и фрлањето предмети на теренот во текот на меѓусебниот дуел на двете репрезетнации во септември во Будимпешта.

Инцидентот на „Вембли“ започна кога полицијата влезе на трибината на којашто беа унгарските навивачи за да приведен еден од нов порди наводно расистичко навредувањен на еден црномурест редар. Кога полицајците го изведуваа осомничениот, дојде до турканици и тепаки со другите навивачи. Потоа за воспоставување на редот на трибината беше испратена интервентна единици која употребуваше палки.

Унгарската репрезентација во јули годинава беше казнета со три домашни натпревара без публика поради расистички навреди во текот на Европското првенстов, а сега веројатно ќе ѝ биде одредена нова казна.

И во вториот дуел од оваа група, меѓу Албанија и Полска, имаше безредија. Испадот на домашните навивачи се случи откако Полска поведе со 1:0 со голот на Карол Свидерски во 78 минат, по што од трибините беа фрлани разни предмети на теренот, па францускиот арбитар Клемент Турпен го прекуна дуелот повеќе од 15 минути, а резултатот потоа не се менуваше.

Англија води со 20 бодови, Полска има три бода помалку, а Албанија остана на 15 бодови во трката веројатно за втората позиција.

 

Србија во Групата А го совлада дома Азербејџан со 3:1 и го задржа водството пред Португалија, но има и меч повеќе. Головите за Србија ги постигнаа расположениот Душан Влаховиќ во 35 минута во пенал и во 52-та а Душан Тадиќ во 83 минута реализираше уште една најстрога казна. Азербејџан во втората минута од судиското продолжение од првото полуврме преку Емин Мамудов ја казни индолентната игра на домашните во оваа делница од мечот.

Португалија без поголеми проблеми со 5:0 го победи Луксембург, со хет-трик на Кристијано Роналдо во 8 и во 13 минута од пенал и во 87 минута, а голови уште постигнаа Бруно Фернандеш во 18 и Палиња во 69 минута.

Србија води во групата со 17 бодови, додека Португалија на втпорото место има има бод и меч помалку.

 

Во средбата од Групата Д, Украина и БиХ играа 1:1. Андриј Јермоленко во 15 минута ги доведе во водство домашните, а израмни во 77 минута Анел Ахмедхоџиќ.

Во претходно одиграниот дуел Финска на гости со 2:0 го победи Казахстан, а средбата ја одбележа двојниот стрелец Теему Пукки. Напаѓачот на англиски Норич Сити гостите ги доведе во вдоство во последната минута од првото полуврме а вториот погодок го постигна веќе во 48 минута.

Со двата погодока Пукки стаса до 33 погодоци и стана најдобриот стречец во историјата на репрезентацијата на Финск. Досега приматот му припаѓаше на легендарниот Јари Литманен кој на 137 настапи постигна 32 гола, но Пукки сега има гол повеќе, а трет е Микаел Форесел со 29 голови.

Во водство во оваа група е Франција со 12 бодови, Украина има девет, Финска осум а БиХ седум бодови,.

 

Швајцарија со убедливата победа од 4:0 кај Литванија ја стаса Италија и сега двете селекции во Групата Ц имаат по 14 бодови на врвот.