Данска со „петка“ во Даблин стана 30-от патник за Русија

Фудбалерите на Данска се пласираа на Светското првенство во Русија идното лето, откако во реванш натпреварот од европските дополнителни квалификации во Даблин ја совладаа Република Ирска со дури 5:1, откако во првиот дуел во Копенхаген немаше голови.

Во одличниот натпревар головите за Данците коишто ги постигнаа Андреас Кккристенсен во 29 минута, Кристијан Ерискен во 32, 63 и 74 минута, а Никлас Бендтнер во 90 минута од пенал, додека за Ирците прецизен беше Шејн Дави во 6 минута. Данска одигра брилијантен натпревар, и покрај тоа што домаќините поведоа многу рано.

Ирците поведоа уште во првиот сериозен напа во 6 минута кога бекот Дафи го натскока Шмајкл и со глава погоди за ерупција од одушевување на „Авива“ стадионот во Дамбли. Ирскиот голман Рандолф кој во првиот меч имаше две одлични одбрани, потоа ги одбрани опасните удари на Квисто во 17 и Систо во 18 минута, а потоа возвратија Марфи во 22 и Мекклин на 24 минута со удари кои завршија крај голот. Во 29 минута Данците изедначија откако не многу добриот удар на Кристенсен ја погоди стативата, а пота несреќниот ирски голман Кристи практично ја турна топката во сопствената мрежа. Шокантниот пресврт на Данците заврши три минути подоцна од Ериксен кој од врвот на казнениот простор ја смести топката под гредата.

Во второто полувреме Ирците тргнаа на сѐ или ништо, но Данците тоа умешно го искористија. Во 63 минута херојот на мечот Ерискен со прецизен удар од 18 метри погоди за 3:1, а играчот на Тотенхем во 73 минута уште еднаш ја погоди ирската мрежа. Во 90 минута Бендтнер од пенал ги постигна конечните 5:1, за еден од најтешките домашни порази на Ирска во историјата.

Данците последен пат играа на Светското првенство во 2010 година, додека Ирците сега 16 години ќе бидат без настап на мундијал.