Данската кралица позитивна на Covid-19 по враќањето од погребот на Елизабета Втора

Данската кралица Маргарета Втора, која во понеделникот во Лондон присуствуваше на погребот на британската кралица Елизабета втора, позитивна е на Covid-19, соопшти во средата кралскиот дворец во Копенхаген,

Во соопштението за јавноста се наведува дека 82-годишната кралица примила три дози од вакцината против коронаворусот, вклучително и „бустер“ доза, а во февруари закрепнала по прележан Covid-19.

Маргарета Втора дознала дека е позитивна на вирусот во вторникот вечерта. Дворецот објави дека „сите активности на кралицата за оваа седмица се откажани“, но не известува за нејзината моментална здравствена состојба.

На престолот дојде на 14-ти јануари 1972 година, а по смртта на британската кралица Елизабета Втора, данската кралица Маргарета Втора сега е единствената кралица во Европа и најдолговечниот владетел меѓу европските монархии. Во светот само султанот од Брунеи, Хасанал Болкиах ибни Омар Али Саифудиен III, е подолго на тронот со четири години повеќе од неа.

Според медиумите во скандинавската земја, кралицата која е вдовица од 2018 година, „одлично се држи“, а нејзините сограѓани се благодарни бидејќи придонела за „постапната модернизација на монархијата без тивијализирања“.

„Ќе останам на престолот сѐ додека не паднам“, во една пригода изјави кралицата на којашто ѝ забележуваат дека е непоправлив пушач.

Маргарета Втора има два сина, а би требало да ја наследни постариот 54-годишниот Фредерик.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.