Данската премиерка се извини откако беше снимена без маска

Данската премиерка Мете Фредерискен се извини во саботата вечерта откако беше снимена без заштитна маска во продавница, спротивно од новите прописи со цел да се сузбие ширењетп на коронавирусот пред тешката седмица кога ќе се соочи со парламентарната истражна комисија.

Видеоснимката којашто околу средината на денот ја објави данскиот дневен весник Ekstra Bladet, во петокот ја направил случаен минувач низ излогот на продавница со облека во центарот на главниот град Копенхаген, четири дена откако беше повторно воведена обврската за задолжително носење маски преку устата и носот на јавни места и во јавниот сообраќај.

„Станува збор за превид, по новите правила кои стапија на сила. Го сфатив тоа кога граѓанинот ме снимаше. Знам дека тоа може да се случи секому. Жалам и сакам уште една да бо се заблагодарам на сето она што заедно го правиме во зауздувањето на епидемијатА“, набрзо реагираше премиерката со објава на социјалните мрежи.

Инцидентот доаѓа во непријатен момент за Фредериксен којашто во четврток ќе биде сослушувана од парламентарната комисија која ја разгледува нејзината одлука за колење на повеќе од 15 милиони куни одгледувани на фарми за да се избегне опасноста од мутацијата на коронавирусот.

Таа одлука беше донесена во ноември 2020 година, а подоцна беше утврдено дека не била првано заснована, па оставка поднесе министерот за земјоделство, а премиерката им се извини на одгледувачите. Комисијата сега истражува дали Фредерискен тогаш знаела дека таа одлука не била законски втемелена.