Данската Влада ќе ја засилува контролата на границата со Шведска

24

Данската Влада размислува да ја засили контролата на границата со Шведска откако двајца Швеѓани минатата недела изведоа бомбашки напад врз владина агенција во Копенхаген, изјави денеска данската премиерка Мете Фредериксен.

-Ќе ја рзгледаме можноста да ја заштитиме нашата граница со Шведска на подобар и попаметен начин, изјави премиерката на прес-конференција во Копенхаген, пренесуваат британските медиуми.

Претходно денеска данската полиција соопшти дека уапсила 22-годишен Швеѓанец и распишала меѓународна потерница по друг 23-годишен Швеѓанец.

Сомневањата се дека двајцата стојат зад експлозијата пред канцеларијата на данската Даночна агенција во Копенхаген, што беше изведена минатата недела, а во која едно лице беше повредено.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.