Данските власти „затвораат“ делови од земјата поради зголемен број коронаинфекции

Данската премиерка Мете Фредериксен по вчерашната најава во понеделникот соопшти дека ќе бидат спроведени дополнителни мерки за „заклучување“ во делови од земјата со цел да се запре неодамнешното зголемување на бројот заразени со коронавирусот.

Баровите, рестораните, музеите и кино-салите ќе треба да ги затворат вратите на 9-ти декември во 38 општини, вклучувајќи го и главниот град Копенхаген. Истовремено,  учениците од повисоките класови во основните училишта, како и оние од средните училишта и универзитетите, нема да посетуваат настава.

Новите ограничувачки мерки ќе бидат во сила до 3-ти јануари.