Данте потврди дека има мала криза во редовите на Баерн (М)

Централниот дефанзивец на актуелниот светски и европски клупски шампион Баерн (М), Данте призна дека има мала криза и дека фудбалерите не се толку сконцентрирани откако и официјално е освоена 24. титула во германската Бундес лига.

„Ситуацијата е малку комплицирана откако ја освоивме шампионската титула во германската Бундес лига. Има мала криза, не сме толку фокусирани, но брзо ќе се вратиме на победничката патека. Повторно ќе го наметнеме нашиот стил на игра. Иако, шампионската титула е во нашите витрини, Баерн (М) не сакам да подари ниту еден бод. Нема подобра подготовка за реванш дуелот против Манчестер Јунајтед од таа да одиграме одлично и да забележиме триумф во првенствениот дуел против екипата на Аугсбург. Станува збор за локално дерби. Мора да бидеме фокусирани во сите 90 минути, да победиме за нашите најверни фанови”, изјави репрезентативецот на Бразил.