2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Дарија Максимова со универзална порака – Ајде да се сакаме! (ВИДЕО)

Дека на Македонија не и недостасуваат таленти во различни области, особено во спортот, уметноста, музиката… уште еден  доказ е младата скопјанка Дарија Максимова.

Оваа младо единаесет и пол годишно девојче е всушност едно од оние деца за кои слободно може да се каже дека се мултиталентирани. Со дарба за актерство, слух, грло и глас за музика, физички предоспозиции за спорт. И сето тоа заедно подеднакво успешно го практикува младата ученичка од основното училиште „Мирче Ацев“ во скопската населба Ѓорче Петров.

Дарија е родена на 10. 06.2010 година и втора година ја посетува актерската школа на Весна Бејби Петрушевска, која најмладите ги воведува во тајните на актерската уметност, но и на она што значи добро однесување, култура, поведение, почитување, интеракција и социјализација со другарчињата и средината… Со еден збор како да се биде добар уметник и уште подобро дете.

Токму преку актерката школа на Весна Петрушевска и желбата и дарбата за пеење, таа прва година учествуваше во детскиот играно-музички ТВ серијал, „Дајте музика“. Учеството во новите епизоди од ова, сега веќе култно детско ТВ остварување, резултираше и со нејзината прва снимена соло песна, насловена „Ајде да се сакаме“.

Aвтор на песнатa е проверениот музички мајстор, Никола Мицевски кој ги потпишува музиката и аранжманот на песната, која исто така е снимена и комплетно реализирана во неговото студио,  додека текстот го напишала уште една проверена авторска личност, познатата Весна Малинова.

Дека светот им припаѓа на најмладите, а меѓу нив оние што предничат се мулти талентите покажува Дарија, чија песна носи универзална, хумана порака, онаква каква што само невината и чиста детска душа може да посака…  Затоа, „Ајде да се сакаме“, онака, како што низ песна порачува Дарија.