Дарио Ивановски е позитивен на коронавирусот, нема да настапи на ЕП

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски нема да биде дел од Европското првенство во сала бидејќи е позитивен на коронавирусот.

Ивановски кој неодамна стана балкански шампион на 3,000 метри во сала, за жал нема да биде дел од Европското првенство во полски Торуна.

„И официјално на престојно ЕП во сала кое ќе се одржи оваа недела во Торун, Полска, нашиот најдобар атлетичар Дарио Ивановски нема да настапи. Да му посакаме многу здравје, брзи и лесно подносливи денови во ова светско КОВИД лудило кое удри и кај нашиот неприкосновен шампион. Се гледаме напролет на новите предизвици – спортски поздрав од MC RUNNING TEAM“, објави на фејсбук тренерот на Ивановски, Игор Јакимовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.