Даштевски: Дали ЈО конечно нешто ќе преземе бидејќи целата јавност гледа што се случува

Иако е празник, не можев да останам имун на најновата афера (а кој знае уште колку ги има) направена од слични ликови но сепак сосема различна од претходните. Приказната вообичаено ја почнува Геровски со псевдоними, Пратеникот Милошоски документирано го образложува случајот, а мојот пријател Пандов сето тоа што би се рекло ”народски” го објаснува пар- екселанс, вели вели аналитичарот и професор, Александар Даштевски.

-Текстовите се веќе излезени и по повеќе портали. За да не се повторувам јас само ќе прашам, дали СЈ за организиран криминал и корупција има сознанија за овој настан, дали за ова веќе се води кривична постапка, дали премиерот за кој се тврди дека бил добро информиран и пуштил порака “многу си го одрал друже” и овој пат прв поднел кривична пријава и ако не “зошто не”. Доколку се точни наводите дека висок функционер во МВР познат и како “Џандар Збира” сериозно ја злоупотребил службената положба со искористување на неговата позиција, ги пречекорил границите на своите овластувања на начин што ова дело добива квалифициран облик, бидејќи од трето лице, односно Боки Тредичи била прибавена поголема имотна корист(800000 евра), а на тој начин предизвикал поголема имотна штета и потешко ги повредил правата на друг во вршење на работи од јавен интерес, пишува Даштевски на Фејсбук и додава:

„Понатаму, Фиат Цаноски не само што дал толкава сума пари, за да не се дознае, туку сега цела јавност знае, а прашањето е дали против него ќе се поведе кривична постапка за подведување на полови дејствија на малолетни лица. Конечно, дали ЈО нешто ќе преземе бидејќи целата јавност гледа што се случува, а нели јавниот интерес е пред се, спрема кодексот на добри практики на Венецијанската комисија што би рекла Вилма Русковска“.