8.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Даштевски: Избори најрано на 30 август, нема услови за брзи избори

Професорот Александар Даштевски во изјава за Инфомакс уште една потенцираше дека во време на вонредната состојба не треба ни да се разговара за парламентарни избори.

-Во време на вонредна состојба не треба ни да се разговара за избори, треба да се почека да заврши вонредната состојба па да се разговара за предвремени избори,  вели тој.

Тој истакнува дека покрај здравствените причини има правни пречки за одржување на предвремени парламентарни избори.

-Секако дека има, бидејќи знаеме сите ние сме во една специфична ситуација за разлика од другите држави бидејќи немаме ниту парламент кој може да се состане да одлучува, имаме техничка Влада која носи уредби со сила на закон што не е добро и води кон тоталитарна држава, вели Даштевски.

Тој апелира да се почитуваат законите и Уставот, како и Изборниот законик и посочува дека на ДИК и се потребни најмалку 60 дена за да организира избори.

Излезноста на брзи избори ќе биде мала, СДСМ и по цена на човечки животи бара избори час поскоро истакна Даштевски. Тој посочува дека причината за ваквите барања на владеачката партија се пред се политички, а не правни, потенцирајќи дека токму ова е причината што мерките за спречување на ширењето на коронавирусот не се ублажија туку се укинаа. По новиот налет на заболени од коронавирус тој повикуваа и на промена на членовите на Комисијата за заразни болести.

-Политичка е причината. Но видовме до сега политиката што направи нели требаше да се ублажат мерките, но тие се укинаа под политички притисок и дојде до огромен број на заразени од тоа кога беше пикот на коронавирусот. Сметам дека е политичка и не смее да биде, вели тој.

Според него изборите треба да се одржат најрано на 30 август, а не ја исклучува можноста истите да се одржат во септември.
На прашањето дали тој би излегол да гласа на избори на 5 јули, одговори негативно бидејќи на тој начин во ризик го доведува своето, но и здравјето на своите најблиски во опасност.