Даштевски: Изборите треба да се одржат во септември, затоа што Венецијанската комисија го порепорачува тоа

Александар Даштевски, кој е поранешен член на Државната изборна комсија, во своето гостување во емисијата „Само вистина“ зборуваше за одржувањето на парламентарните избори каде тој потенцираше дека според него изборите треба да се одржат во семптември затоа што и Венецијанската комисија го препорачува тоа.

„Имаше предлог да се добијат извештаи од комисиите кои се занимаваат со пандемијата. Сите тие извештаи беа како овој од Комисјата за заразни болести полош од претходниот во смисла дека треба да носат ракавици, маски, да се оддржува дистанца и така натаму. Вториот извештај беше од ДИК, а претседателот на ДИк трвди дека му се потребни 35 дена за прочистување на избирачкиот список и плус 22 дена за кампања и тоа се вкупно 57 дена.Штом денеска нема никакво решение според мене автоматски изборите треба да се одржат во септември затоа што и Венецијанската Комисија препорачува така. Каква и да е пандемијата луѓето ќе одат во Охрид, Ресен, Берово, Дојран и други места во август или крај на јули на одмор и несе препорачува да се одржуваат изборите тогаш. Денеска 52 држави ги одложиле изборите поради ова. Ние мораме да сме во тек со светските здравствени трендови и сметам дека не можат да се одржат порано изборите, а и не е препорачливо“, истакна Дашетвски во своето гостување.

Имено тој во своето гостување посочи и дека претседателот на ДИК, Оливер Дерковски нема да го потпише избирачкиот список и доколку тој не го потпише нема да може да се спорведат изборите.