Даштевски: Противуставно е прогласувана нова и нова вонредна состојба

Александар Даштевски вечерва во емисијата „Само вистина“ посочи дека Уставот е повреден од страна на власта за време на вонредната состојба.

„Треба да се покрене импичмент бидејќи противуставно е предизвикувана односно прогласувана нова и нова вонредна состојба. И не значи ако сега нема 80 пратеници дека нема да има воопшто, можеби ќе има за изгласување на импичмент“, истакна Даштевски.

Даштевски додаде дека да не беше поткупот на владината партија извесна беше победата на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата што сега е на власт се плаши од силата на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.