Даштевски: Тоа што 66% од граѓаните сметаат дека изборите треба да се спојат е само потврда на тоа што го вели ДИК дека изборите треба да се споени за да се заштеди 30 до 40% средства

„Вчера видовме една анкета дека 66% од граѓаните сметаат дека изборите треба да се спојат, а само 13% кои сметаат дека не треба да се спојат изборите. Ова ми оди мене лично во прилог бидејќи и јас сметам дека изборите треба да се спојат, не за друго затоа што изборните циклуси се премногу блиску. Има тука две работи, освен тоа за поевтино тие би требало да се спојат затоа што се многу блиску и дури да не се поклопуваат роковите“, истакна за Радио Лидер во гостување во емисијата „Еспресо со Златев и Боцевски“, претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.

Тој вели дека од пресметките кои ДИК ги правела во цени, ресурси, итн изборите ако се споени чинеле некаде од 30 до 40% поевтино во смисла на тоа кој дејствија ќе се преземат.

„Овде има две компоненти освен за да биде поевтино треба да спојат затоа што се многу блиску дури и да не се поклопуваат роковите. Викаат редовни дека е тоа законски, но не е незаконски и вонредни. Ако ни фали една недела може да направиме и вонредни избори. Имаме опции да го направиме тоа“, рече тој.

Даштевски уште еднаш посочи дека клучната работа за спојување на овие избори е тоа што би чинело 30 до 40% поевтино.

„Кај нас луѓето се научени утредента најкасно ако не и вечерта до 12 часот да ги има резултатите, а вака се пролонгира бидејќи претседателски не завршиле и за нас како тело веднаш треба да се впуштиме во парламентарни избори“, кажа Даштевски.

Дашевски направи груба проценка на локалните избори кои се случија и додаде дека локалните избори чинеле многу скапо заради неочекуваните многу независни листи. Груба пресметка е дека чинеа 10 милиони евра двата круга и трет круг за некои места.

„Сметам дека има три работи поради кои треба да се споени изборите претседателски и парламентари а тоа е финансискиот момент, човечки ресурси и временска рамка, бидејќи се завршуваат многу побрзо изборите. Тоа се работи поради кои би требало тоа да се случи бидејќи се блиску изборните циклуси“, заклучи Даштевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.