Даштевски за КУРИР: Власта ги злоупотреби вонредните состојби за предизборен поткуп, за падот на ДИК мора некој да сноси одговорност

Нецела недела откако поминаа изборите во нашата земја граѓаните се уште се револтирани поради изборниот инженеринг кој беше во режија на власта предводена од СДСМ. Универзитетскиот професор Александар Даштевски за КУРИР вели дека техничката влада ги злоупотреби вонредните состојби за предизборен поткуп, наводно, помош од пандемијата.

Имено за црната кампања која ја водеше СДСМ зборуваат и многу меѓународни организации и политичари, од одењето на терен од страна на високи функционери на власта, па се до делење пари и на денот на изборите за еден глас повеќе…

Универзитетскиот професор Александар Даштевски во изјава за КУРИР смета дека на овие избори се случи „Изборен инженеринг“ од страна на власта предводена од Зоран Заев и СДСМ.

-Сметам дека на овие избори се случи „Изборен инженеринг“. Тоа значи дека Зоран Заев и неговите соработници точно пресметаа, колку гласачи ќе им бидат потребни за да дојдат до тесна победа, знаејќи дека не се многу популарни да победат објективно. Така што тие одеа на таргетни групи поделени на кластери. На пример, кластер: Роми, Бошњаци и други етнички групи, сиромашни, пензионери, невработени, млади и друго. Изработија доволно во тие средини, на начин што некаде се делеше храна, некаде пари или ваучери, некаде вработувања, нормално проценката со пензионерите кои се една од најнезадоволните таргетни групи, направија добра проценка дека голем број нема да излезат поради Ковид 19, на што се должи помалата излезност на овие избори, главно кај тој кластер. За сите овие работи тие се подготвуваа неколку месеци. Последната недела скоро да ги немаше на терен. Тогаш ги утврдуваа овие параметри и проверуваа дали ќе бидат обезбедени тие гласови. Претходно направија десетина партии, кои главно влечеа гласови од опозицијата. Партијата „Левица“ за која се очекуваше да одземе гласачи од СДС, повеќе одземаа од ткивото  на ВМРО-ДПМНЕ. Целата изборна постапка беше валкано организирана, од правење на техничката влада „Пржинска влада„ до денес. Знаеме дека се делеа прехранбени продукти во време на пандемија, дека почна предвремена кампања од страна на коалицијата „Можеме“ која го прошири вирусот, вели Даштевски.

Универзитетскиот професор за КУРИР вели дека техничката влада ги злоупотреби вонредните состојби за предизборен поткуп, наводно, помош од пандемијата.

-Дури и на денот на изборите цел ден се вршеше поткуп и се агитираше, што беше очигледно, но ниту медиумите ниту јавноста не беа добро информирани поради опасноста од ширење на вирусот. Падот на системот на ДИК ќе остави црна дамка засекогаш, бидејќи тој систем служи да ги осигура резултатите од изборите. Броењето покажа дека има сериозни проблеми во резултатите, недостаток на 2013 ливчиња јасно покажува дека е правен т.н.„Бугарски воз„ но ДИК не уважи ниедна жалба. Се поставува прашањето зошто постои ДИК бидејќи во текот на целиот избирачки процес не се појавија. За овој пад на системот мора некој да сноси одговорност, особено што тендерот за набавка бил сомнителен. Од друга страна, токму поради подобро организирање на изборите на ДИК му беше овозможено да има огромна техничка поддршка. Што правеле вработените во ДИК да се организира изборниот процес без неправилности? На крај, ОБСЕ како да не беше присутно на овие избори, бидејќи најголем дел од краткорочните набљудувачи не дојдоа, па така тие ги немаа вистинските информации од терен, дециден е Даштевски.