Даштевски : За пописот треба да се постигне национален консензус и да се применат европски методи

23

Новоизбраниот претседател на ДИК Александар Даштевски во гостување во емисијата “Прашањето ми е следно,, во врска со пописот кажа дека не е тешко да се заклучи дека сега не е државата спремна за спроведе попис.

„Ако се прашувам, лично мислам дека сега засега ние не сме подготвени тоа не е тешко да се заклучи. Како човек кој веќе има сериозно искуство и знам дека последниот попис кој се спроведе беше нерегуларен 2000 /2001 кога се спроведе беше нерегуларен и се прогласи како таков и сите си отидоа од таа комисија и од тогаш поради тоа не се ни спроведуваше“, рече првиот човек на изборната комисија.

Дополнително Даштевски потенцираше дека треба да се постигне национален консензус околу тоа прашање и да се применат европски методи.

“Тоа не е едноставна операција и сметам дека треба да се договорат и да се постигне национален консензус по тоа прашање и да се применат европските методи. Да не се оди нели за инат ќе спроведеме, нема да спроведеме па не се согласува опозицијата. Тоа можа да биде сериозен проблем за тоа дали пописот е добар или не“, појасни Даштевски

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.