Даштевски: Ако меѓународната заедница не направи притисок, Грција нема да отстапи од црвените линии

Мое мислење е дека доколку меѓународната заедница не направи одреден притисок кон Република Грција за да ги смени своите позиции за промена на името на Република Македонија тоа нема да се случи, изјави аналитичарот Александар Даштевски во „Отвореното студио“ на ТВ Нова.

Тој смета дека Република Грција исклучиво ќе цели кон промена на името на Република Македонија.

Диоген Хаџикоста Милевски и Александар Даштевски гостуваа во „Отвореното студио“ со Анита Петровска Рајковиќ на тема „Македонија во НАТО кога и како?“