Давчевски: Антикорупциска да дозволи расправа за намалување на цената на водата

Како што Државната комисија за борба против корупција одобри да се расправа за одобрување уште еден за бесплатен превоз на пензионери во јавниот транспорт, така да дозволи и расправа за барањето на СДСМ за намалување на цената на вода, вели советникот на СДСМ во Советот на Град Скопје, Драги Давчевски.

„ Ако ВМРО-ДПМНЕ е искрена со пензионерите, бараме Советот на Град Скопје да го прифати барањето на Сојузот за иднината сите пензионери, без разлика на старосната граница да можат секој ден да користат бесплатен автобуски превоз. Овој предлог на опозицијата не е предизборен, туку е повеќепати досега инициран во Советот на Град Скопје. Мнозинството од власта најгрубо го одбиваше, со што се гледаа предизборното лицемерие на власта кон пензионерите“, вели Давчевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.