Давид де Хеа останува во Јунајтед

Иднината на Давид де Хеа во последно време е главна тема во англиските медиуми поради фактот што шпанскиот голман влегува во послдната година од договорот.

Се шпекулираше дека Де Хеа ќе си замине од „Олд Трафорд“ на крајот на сезоната како слободен агент и дека во јануари ќе започне преговори со Јувентус.

Сепак, најновоте информации кои ги пласираат медиумите на Островот тврдат дека Де Хеа се договорил со челниците на клубот и ќе птопише нов долгогодишен договор со Манчестер Јунајтед.

Според новиот договор шпанскиот голман ќе заработува 290.000 фунти неделна плата и ќе биде назначен за капитен на „црвените ѓаволи“.

Де Хеа во Јунајтед дојде во 2011 година, и се етаблираше во еден од најдобрите голмани во светот.

Според новиот договор Де Хеа ќе стане најплатен фудбалер на тимот и ќе заработува исто колку Пол Погба.