Лондонскиот премиерлигаш Челзи, прек официјално соопштение потврди дека пред неколку часа е постигнат договор со раководните лица на францускиот гигант ПСЖ околу најавениот трансфер на бразилскиот интернационалец, Давид Луиз.
“Фудбалскиот клуб Челзи и ПСЖ постигнаа договор за продажба на Давид Луиз на францускиот клуб. Трансферот ќе биде реализиран откако Давид Луиз ќе ги договори личните побарувања со францускиот клуб и откако ќе помине задолжителниот лекарски преглед”, стоеше во официјалното соопштение.
Од продажбата на централниот дефанзивец, лондонскиот клуб ќе заработи околу 49 мил. евра, а најголемиот дела од заработените пари ќе бидат потрошени на веќе најавениот трансфер на најдобриот фудбалер од редовите на Атлетико (М), Диего Коста.