Давидовиќ: Доказите на СЈО треба да се проверат дали се валидни, законити и дали не се предмет на нешто што СЈО го измислило

По сведочењето на обвинителката Лиле Стефанова која говореше за влијание во правосудството и премолчување на тие моменти се покажа колку правосудниот систем е нефукционален и под влијание. По ова треба коренити реформи и политиката да ја тргне раката од правосудството. Ќе треба многу мерки и десјтвија за да се врати во живот правосудниот систем, рече адвокатот Звонко Давидовиќ на гостувањето на телевизија Алфа.

Судскиот совет не прави ништо по никој случај, па не очекувам дека ќе има некаков исход ни по ова што судијката Добрила Кацарска го пишува во писмото кое зборува дека сведочењето на обвинителката Стефанова е недолично, кажува како работело и бара Судскиот совет да ја утврди фактичката ссотојба. Не направи ништо ни во случајот Јустиција кога со лисици се носеа нивни колеги, а тие беа ослободени. Тоа беа судии од прекршоци, посочи Давидовиќ.

Според Давидовиќ има разлика во функционирање на правосудството тука и во други земји.

Јавната обвинтелка од Романија чинам доби висока награда и напредуваше, а нашата заврши во притвор. Сега треба да се проверат доказите од СЈО, оние кои ги собирало СЈО. Тоа треба да го направи некое независно тело. Треба да се провери дека се обезбедени на законит начин, дали се валидни и дали не се предмет на нешто што СЈО го измислило, односно дека се реални. И тоа треба да се направи за доказите од сите предмети од СЈО, рече Давидовиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.