Давутоглу ја регистрираше Партијата на иднината

21

Поранешниот турски премиер Ахмет Давутоглу формираше нова политичка партија.

Давутоглу денеска до Министерството за внатрешни работи достави службено барање за регистрација на неговата „Партија на иднината“, објави весникот „Џумхуријет“.

Поранешниот премиер се очекува утре да одржи прес-конференција на оваа тема.

Давутоглу ја напушти владејачката Партија на правдата и развојот во септември, неколку дена откако партијата ја започна процедурата за негово исклучување поради нарушување на дисциплината, а потоа објави и манифест во кој ја критикува политиката на Ердоган.

Ова е втора партија основана од поранешните сојузници на Ердоган.

Али Бабаџан, поранешниот вицепремиер, министер за надворешни работи и економија, исто така, најави формирање нова партија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.